Букер ќе го пропушти натпреварот 5 против Њу Орлеанс

Прес-службата на Феникс санс, објави дека нивниот играч Девин Букер ќе го пропушти натпреварот 5 од плејоф серијата од првото коло против Њу Орлеанс.

– Букер е загрижен за тетивата на десната нога. Тој ќе го пропушти трет меч по ред откако на втората средба ја повреди тетивата. Предводникот на Санс се чувствуваше подобро во последните денови, но допрва треба да му биде дозволено да се врати во акција, стои во информацијата на Феникс.

Местото на Букер во стартната петорка го зазеде Кам Џонсон, кој оттогаш има само шест реализирани од 19 обиди од поле.

Моменталниот резултат во серијата прв до четири победи е 2:2. Петтиот натпревар на кој домаќин е Феникс ќе се игра ноќта вторник кон среда (почеток 4 часот).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*