„Вера сонува за морето“ најдобар филм  на GoEast Film Festival во Висбаден

Филмот „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи е прогласен за најдобар на GoEast Film Festival што викендов се одржа во Висбаден, Германија.

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, како главна улога на филмот, одиграна од страна на Теута Ајдини-Јегени, преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството на сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата  да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Во другите улоги во филмот настапуваат Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др. Сценариото за филмот е на Дорутина Баша, кинематографија на Севдије Кастрати, монтажер Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски.

Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (копродуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (ко/продуцент: Дионис Пападимитри).

Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија овој филмски прокет „Вера сонува за морето“ главна поддршка доби од „Филмскиот центар на Косово“ и дополнително од „Филмскиот центар на Албанија“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*