Градоначалникот на Херсон објави дека Русите ја презеле контролата врз Градското собрание

Градоначалникот на Херсон денеска соопшти дека вооружени Руси ја презеле контролата врз Градското собрание.

Херсон е единствениот поголем украински град што е окупиран од руските сили од почетокот на извазијата досега. Иако градот е под руска окупација од почетокот на март, Градскиот совет барем досега работеше под контрола на централната украинска власт.

Градоначалникот Игор Коликаев преку својот Фејсбук профил објави дека руските војници синоќа ги зеле клучевите од градското собрание и наместо редовното обезбедување пред влезот во зградата поставиле своја стража.

Украинскиот весник „Правда“ денеска објави дека градскиот совет во Херсон престанува со работа. Весникот пишува дека Русите им дале шанса на градоначалникот и на градскиот совет мирно да ја напуштат зградата и да заминат во своите домови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*