Гутереш од Москва: Прекин на огнот што е можно поскоро

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш бара начини да ги запре борбите во Украина што е можно побргу. Гутереш го изјави ова за време на денешната посета во Москва, јавија локални медиуми.

– Навистина сме заинтересирани да најдеме начини, да создадеме услови за ефективен дијалог, да создадеме услови за прекин на огнот што е можно поскоро, да создадеме услови за мирно решение, истакна Гутереш на почетокот од разговорот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*