Излегоа од печат „Две драми“ и „Сара и други драми“ на Еве Камчевска и Катерина Момева

Во издание на „Перун Артис“ од печат излегоа книгите „Две драми“ и „Сара и други драми“ од македонските драматургињи Еве Камчевска и Катерина Момева.

Во книгата „Две драми“ од Камчевска застапени се комедиите „Избраниот“ и „Остани исправен и оди грациозно“, додека во книгата „Сара и други драми“ на Момева се застапени нејзините најнови драми „Сара“, монодрамата „Исмена“, дуодрамата „Телеграма“ и либретото „Силен или сатирска игра по Орестија“.

Во поговорот театрологињата др. Ана Стојаноска посочува дека драмите на Ева Камчевска се „човечки прецизни и конкретни, посветени на секојдневието на човекот и неговите современи предизвици“, а како што ќе спомене др. Сашко Насев во својот осврт, Момева со своите пиеси е „еден вид предвесник на либералното во нашата драмтургија и во филозофското во женското писмо создадено на нашиот јазик“

И за двете изданија е обезбедена финансиска помош од Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*