НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска напладне ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

Традиционалниот настан со подарување книги и рози ќе се одржи во холот на Библиотеката која соопшти дека годинава повторно во полн капацитет ќе бидат чествувани книгата, авторите и читателите.

Ќе биде прочитана пораката на генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, и македонската порака за Светскиот ден на книгата  која годинава ја напиша проф. д-р Анастасија Ѓурчинова. Настанот со поздравен говор ќе го отвори в.д. директорката на НУБ, Јелисавета Костадинова, а ќе се обрати и  Хосе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија во нашата земја.

Националната и универзитетска библиотека по овој повод ќе подари  скромен фонд на книги на институции кои имаат потреба од нив. Минатата година, како што посочува, книги беа подарени  на Инфективната клиника во Скопје.

– Покрај книгите кои ги подарува НУБ,  со своја донација и придонес во чествувањето учествуваат и Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава и издавачките куќи „Арс студио”, „ТРИ“, „Светот на Биби“, како и Институтот „Конфуциј“, информира НУБ „Св. Климент Охридски“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*