Објавени видеоснимки од Алек Болдвин и мигот пред ненамерното убиство

Полицијата на сојузната американска држава Ново Мексико објави нови снимки направени на денот кога глумецот Алек Болдвин ненамерно пукаше и ја уби снимателката Халина Хачинс – член на филмската екипа на „’Рѓа“ (Rust).

На видеата се гледаат миговите пред и по нејзината смрт. Притоа, Болдвин вежба влечење на чкрапалото на пиштолот. Може да се види и како полицијата и лекарите пристигнуваат на местото на трагедијата. Болдвин е прикажан и како седи во импровизирана црква по пукањето. Прашан од полицијата, тој негираше дека го повлекол чкрапалото и додаде дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум.

BREAKING: Alec Baldwin set footage released


— Jack Posobiec ���� (@JackPosobiec) April 26, 2022

 

– Слушнав силен тресок. Се чувствував како некој да ме удри во рамото, а потоа паднав. Ја видов Халина како ѝ тече крв по грбот, изјавил режисерот Џоел Соуза во болницата.

Режисерот исто така бил погоден, но само ранет од куршум.

Утврдено е дека Хана Гутјерез Рид била задолжена за безбедност на оружјето што се користело на снимањето. Таа го тужи доставувачот затоа што смета дека е доставена неправилно означена кутија со муниција.

Минатата недела продуцентската куќа која работеше на филмот „Р’ѓа“ беше казнета со 136.793 долари поради безбедносни пропусти на снимањето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*