Почина музичарот Мирчо Чуков, член на групата „Интервали“

На 65-годишна возраст вчера попладне ненадејно почина Мирчо Чуков, вокалист и клавијатурист на познатата музичка група „Интервали“.

Долги години заедно со неговата сопруга Снежана беа дел од групата, која испеа многу хитови, од кои некои се денес вистински евергрини, како што се „Ех, да сакаш“, „Плачела“, „Ноќта е створена за грев“, „Те молам немој“, „Дана“, „Ана“ и многу други.

Лани Чуков со „Интервали“ настапи по десетти јубилеен пат на „Макфест“ во Штип, а во долгата музичка кариера два пати учествувал на југословенскиот избор на Песна на Евровизија, како и на многу други фестивали во земјавата и странство.

Чуков ќе биде прогребан во родното Ново Село, каде живееше и твореше.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*