Преку Развојната банка ќе се пласираат 18 милиони евра кон домашните компании

Развојна банка (РБСМ) денеска ги повлече третата и четвртата транша од заемот за мали и средни компании од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 18 милиони евра. Со овие транши, како што информираат од РБСМ, се обезбедува поддршка на 45 проекти на домашни мали и средни компании и средно пазарно капитализирани компании кои ќе вработат нови 145 лица.

-Од траншата, најголем дел од средствата, 14,7 милиони евра, се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството. Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки за заеми за тековни средства, со каматна стапка до 1,6 проценти, соопшти Развојната банка.

До сега, од ЕИБ 6 кредитната линија се повлечени вкупно 77,1 милиони евра за 227 компании, кои ќе вработат нови 608 лица.

-Со овој заем кој Развојната банка го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарно капитализирани компании. Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од КОВИД-19 пандемијата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности, порачуваат од Развојната банка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*