Претрес во Штип, пронајдена марихуана, приведен дилер

Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода триесет и  тригодишниот штипјанец К.Т. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

К.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*