Приведен крадец баран со централна потерница за издржување казна затвор од две години

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Д.С.(33) кој бил баран по централна потерница на Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, скопјанецот кој бил приведен во 11:50 часот на булевар Видое Смилевски Бато ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*