
Редовниот професор на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје, Живко Давчев, е инаугуриран во звањето професор на Селско-стопанската академија на Република Бугарија – Земјоделски институт „Никола Пушкаров“ во Софија.
– Во променливите политички односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија, во научно-стручната активност бележиме континуирано стандардна соработка помеѓу наставно-научните институции од двете земји. Со посебна инаугурација и свечености беше доделено ова признание во звањето „професор“ за заслуги и придонес во земјоделството и меѓусебната соработка во различни наставно-научни и образовни институции во Бугарија и различни асоцијации кои се занимаваат со земјоделство, наведува Катедрата.
Во соооштението се додава и дека звањето на професорот Давчев е признание и за нашата наука, моделот на соработка и придонесот за развој на земјоделското производство во двете држави.
Leave a Reply