Сончево и топло со мала облачност, температурата до 28 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 16 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 26 степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*