Анчелоти: Пребрзо ги примивме првите два гола, тимовите покажаа фантастичен фудбал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите впечатоци од полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Реал загуби со 4:3 и може да биде задоволен, бидејќи домаќините во три наврати водеа со два голови предност.

– Од гледна точка на фудбалски навивач, тоа беше фантастичен фудбал. И како тренер на Реал Мадрид морам да го земам предвид фактот дека пребрзо ги примивме првите два гола. Но, во исто време на „Бернабеу“ носиме три голови. Сега се надеваме дека ќе стигнеме до финалето, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид никогаш досега не примил два гола толку брзо во Лигата на шампионите. Претходниот анти-рекорд – 16 минути – беше забележан на мечот со Атлетико Мадрид во мај 2017 година.

Реваншот од полуфиналето ќе се одигра на 4 мај во Мадрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*