Бачовски: Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството

Сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка во земјоделството што ја дава државата, преку интензивирано производство кое барем во некоја мерка ќе ги задоволи домашните потреби, порача денеска директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.

Бачовски на конференцијата за млади земјоделци истакна дека поради кризата, агро секторот минува низ многу тежок период, но на располагање се, рече, ставени сите програмски ресурси и човечки капацитети и тие треба максимално да се искористат.

-Периодот пред нас е тежок, но државата не штеди. Не се мали средствата за земјоделството кои годинава сигурно ќе надминат 150 милиони евра. Државата годишно инвестира меѓу 130 и 150 милиони евра во земјоделството. Со право јавноста прашува каде завршуваат овие пари, зошто домашното производство не ни е на завидно ниво. Оваа година, со оглед на сите кризи, секторот се наоѓа во исклучително тешка ситуација и сега е моментот кога треба да се оправда финансиската поддршка што ја дава државата, потенцира Бачовски.

Во моментов, потсети директорот, отворени се пет јавни повици – на располагање е поддршка за нова механизација, мандри, силоси, винарии, во функција е Интервентниот фонд.

Бачовски најави дека до крајот на годината се очекува да бидат објавени и првите повици од ИПАРД 3 Програмата, проектирана на 130 милиони евра, за разлика од ИПАРД 2 која изнесуваше 65 милиони евра.

-Тоа од една страна е добра вест, но треба максимално да го оптимизираме искористувањето на овие фондови. Она во што засега стоиме добро и важиме за лидер во Западен Балкан, е силен предизвик за нашиот агро сектор – да смогнеме сили и да ја искористиме поддршката, подвлече Бачовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*