Без вода дел од улиците близу Владата  

Поради реконструкција на водоводна цевка Ф80 милиметри на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8-ми Март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“, во Општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.

Од таму појаснуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*