Бензема на само три гола од рекордот на Роналдо во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема се приближува до рекордот на Кристијано Роналдо по голови во Лигата на шампионите. Французинот синоќа беше двоен стрелец во полуфиналната пресметка на турнирот со Манчестер сити (3:4). Сега Бензема има 14 гола сезонава во Лигата на шампионите.

Ова е петти резултат во историјата на елитното фудбалско натпреварување.

Рекордот за голови во една сезона во Лигата на шампионите му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо. Во сезоната 2013/14, Португалецот, играјќи за Реал Мадрид, постигна 17 гола.

Во 2015/16 и во сезоната 2017/18 Роналдо даде по 16 гола, Роберт Левандовски беше стрелец на 15 гола во сезоната 2019/20.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*