Блинкен на сведочење во Сенатат за надворешнополитичките приоритети на САД

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска е на сведочење пред Комитетот за надворшена политика на Сенатот, посветено на дипломатските активности на САД.

На сведочењето, државниот секретар зборуваше за руската инвазија на Украина, за кинеското влијание, како и за ударот врз демократските вредности во Југоисточна Азија и Јужна Америка од страна на авторитарните земји како Кина или Венецуела.

-Војната на Русија во Украина е нејзина стратегиска грешка и служи како лекција за сите кои имаат намера да посегнат по слични методи, изјави Блинкен пред панелот.

Панелот започна со работа предмалку и на прашања од сенаторите, демократот од Њу Џерси Роберт Менендез, претседавач со комитетот и Џим Риш, републиканец од Ајдахо, државниот секретар се задржа на резултатите од средбата со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Киев во неделата.

Тој зборуваше за огромната воена помош што Украина ја добива од САД и сојузниците и што е планирано да ја добива понатаму, за одбивање на руската воена агресија. За дезинформациите на режимот на Владимир Путин, репресиите со воеан цензура и неодамнешното апсење на рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурз, како и и за лошата состојба во која се наоќа руската економија поради „обедниетите“ санкции на сојузниците.

Рече дека ќе зборува за сите други приоритети на надворешнополитичкиот орган на САД како Кина и нејзиното влијание, нуклеарниот договор со Иран и контрола на талибанската власт во Авганистан.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*