Гасперини би можел да го замени Спалети во Наполи

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, би можел да стане шеф на стручниот штаб на Наполи.

Според „La Gazzetta dello Sport“ сопственикот на нeаполитанскиот клуб Аурелио Де Лаурентис е незадоволен од последните резултати на тимот под водство на Лучијано Спалети, па на крајот од сезоната може да дојде до тренерска смена.

Договорот на Спалети со Наполи е на уште две години. Затоа, во случај на отказ, на 63-годишниот италијански стручњак ќе му биде исплатена оштетна сума од 6 милиони евра.

Наполи чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на третото место во италијанскиот шампионат со минимална шанса да ја освои шампионската титула.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*