Европската Конфедерација на Синдикати со поддршка за подобри услови за наставниците

Европската Конфедерација на синдикати изразува поддршка за битката за подобри работни услови за просветните работници во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската конфедерација од самиот почеток го поддржува штрајкот на наставниот кадар во Северна Македонија. Оттаму сметаат дека штрајкот е последната опција кога ќе пропаднат преговорите, изјави директорката за Европа на Конфедерација, Сузан Флокен, на почетокот на штрајкот.

Во куса изјава денеска, Џулиан Скола, задолжен за односи со медиумите во Конфедерацијата, за МИА рече дека Европската Конфедерација на синдикати го поддржува ставот на СОНК, кој изрази „загриженост за преговорите“ со Владата во барањата за повисоки плати, со оглед на тоа дека „овие плати се пониски од националната просечна плата“, велат од Конфедерацијата.

На прашање дали предлогот од покачување од 12 отсто е задоволителен, Европските синдикати велат дека таа одлука треба да ја донесе СОНК.

-Не коментираме за тоа, на синдикатот таму е да одлучи дали е задоволително, ние даваме целосна поддршка за покачување на платите, но не сме ние тие кои одлучуваат, велат од Европската Конфедерација.

Генералниот секретар на Европската Конфедерација на синдикати, Бернадет Сегол, идната недела ќе се обрати преку видео порака на Конгресот на Конфедерацијата на Слободни Синдикати (КСС) во Северна Македонија.

-Целосно го поддржуваме вашето барање за преговори со Владата за повисоки плати и подобри услови за работи за наставниците во Северна Македонија, е пораката што ќе ја испрати Сегол до македонските синдикати на петти мај, рекоа за МИА од Европската Конфедерација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*