Изречени 264 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во рамки на засилена акциска контрола вчера, на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 264 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*