Кина го пријави првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај луѓе

Кина го откри првиот случај на птичји грип Х3Н8 (H3N8) кај луѓе, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Варијанта на вирусот е потврдена кај четиригодишно момче од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата во вторникот. Детето дома било во контакт со кокошки и гаврани.

Варијантата Х3Н8 е честа кај коњите и кучињата, па дури е потврдена и кај фоките. Вирусот е одговорен за пандемијата на грип во 1889 година, позната како руски грип. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човечка инфекција со вирусот Х10Н3.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*