Мајами втор четвртфиналист во плејофот на НБА-лигата

Кошаркарите на Мајами хит се пласираа во второто коло во плејофот од НБА-лигата, откако ноќеска ја победија Атланта со 97:94.

„Жешките“ со вкупни 4:1 ја завршуваат серијата од првото коло.

Претходно место помеѓу осумте најдобри во разигрувањето за трофејот избори Бостон селтикс.

Ноќта вторник кон среда се одиграа уште две средби од најсилната кошаркарска лига на светот. Постигнати резултати:
Мемфис – Минесота 111:109 (3-2 во победи)
Феникс санс – Њу Орлеанс 112:97 (3-2 во победи).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*