Премиера на театарската претстава „Гласови“ на Театарот „Чекори”

Театарот „Чекори” вечерва премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска претстава „Гласови” во режија на Маја Ѓурчевска.

Во претставата улогите ги толкуваат катерите Марко Џамбазоски и Никола Димевски. Инспициент е Ангела Наумовска, а тон и светло мајстор е Михаил Митевски. Делото спаѓа во жанрот комедија.

Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во рамки на Домот на култура „Димитар Влахов”.

Со своето 48-годишно постоење Театар „Чекори” е најстариот алтернативен театар во земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*