Приведен битолчанец за издржување казна затвор од две години 

Во скопско Волково синоќа во 21:10 часот  полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола, со живеалиште во Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*