Британија: Руската морнарица сè уште е закана од Црното Море

Црноморската флота на Русија сè уште може да нападне украински цели, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.

Наводно, поморската сила на Русија во Црното Море вклучува околу 20 бродови, со подморници исто така како дел од флотата, објави Би Би Си.

Како што пишува во извештајот, затворањето на Босфорскиот теснец за нетурски воени бродови, предизвика руската морнарица да не може да го замени својот брод, предводникот „Москва“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*