
Во првите 100 дена од новата Влада во соработка со граѓанскиот сектор, додаваат оттаму, Владата ги задолжи сите буџетски корисници на своите веб-страници да објавуваат податоци за спроведените јавни набавки, сите податоци околу јавните набавки, како и нивните планови за јавни набавки.
Истовремено, се потенцира во соопштението, изграден е партнерски однос и континуирана соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки, како и со граѓанскиот сектор со кои заеднички ги детектираме слабостите на системот и изнаоѓаме решенија.
-Овозможена е одржливост, како и можност за унапредување на алатката е-инспектор. Кодот за софтверот на оваа алатка е предаден во сопственост на Инспекцискиот совет. Со тоа се отвора можноста за имплементирање на оваа алатка во останатите 13 инспекторати. Преку проширениот опфат на инспекциски служби кои ја користат алатката е-инспектор значително го елиминираме човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли, на тој начин што процесот на распределба на надзорите и контролите ќе биде електронски, со што човечкиот фактор е целосно изземен. Софтверот, врз основа на базата на податоци, автоматски ги определува субјектите на високо, средно и ниско ризични и автоматски ќе планира надзори кај високо ризичните субјекти, се наведува во соопштението.
Во него се додава и дека со цел да се ослободи стопанскиот сектор од дополнителни обврски Владата го укина Националниот совет за информациски и комуникациски технологии, со што приватните компании слободно одлучуваат за набавка на информатичка технологија.
-За да се обезбедат лесно достапни, брзи и ефикасни електронски услуги Владата во согласност со Законот за електронско управување и електронски услуги ги задолжи органите на државната управа на разбирлив и јасен начин за обичниот граѓанин, да ги ажурираат податоците за постојните, но и за новите услуги што ги даваат на граѓаните во Каталогот на услуги на Националниот Портал за електронски услуги, се вели во соопшѓтението од владината прес-служба.
Владата, информираат оттаму, интензивно работи на дигитализација на општеството, за што е во тесна соработка со експерти од Естонија, кои со поддршка на САД се директно вклучени во овој процес.
Leave a Reply