Донаторска аукција по повод 30 години од формирањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

По повод 30 години од формирањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, вечер ќе се одржи гала донаторска аукција, насловена „Да ги вратиме детските насмевки во мода“.

Аукцијата ќе се одржи во ресторанот Рагуза 360. Пред почетокот на аукцијата ќе биде прикажан краток филм за Детската амбасада Меѓаши низ годините, потоа ќе се обрати Драги Змијанац основач и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Предвидена е и презентација на Монографијата детската амбасада од 1992-2022 година.

– Сите собрани средства ќе бидат насочени за поддршка на работата на Ало Бушавко, линијата преку која веќе 29 години децата и нивните блиски можат да побараат совет, помош или поддршка од секој вид. Оваа линија е единствена СОС линија од таков вид во државата и е специјализирана да овозможи 24 часовна поддршка на која само минатата година се регистрирани 329 јавувања, 30 проценти повеќе од 2020 година, информираат од Меѓаши.

Оттаму посочуваат дека овие бројки ја одразуваат реалноста на проблемите што ги предизвика пандемијата на коронавирусот и ја изразуваат зголемената потреба на корисниците, што за да опстои потребно е да има дополнителен професионален и обучен тим.

– Наша желба е преку обезбедените донации да овозможиме непречена работа на Ало Бушавко во текот на целата година. Токму затоа, во рамки на нашиот проект, наша мисија да обезбедиме што повеќе донации со што би им помогнале на што повеќе деца и семејства, додаваат од Меѓаши.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*