Македонските ракометарки денес ќе ги добијат ривалите во групата на ЕП

Македонската ракометна репрезентација денес ќе ги дознае противниците за групната фаза на Европското првенство. Ждрепката за ЕП 2022 кое ќе се одржи од 4-20 ноември е закажана за 17 часот во Љубљана.

Ќе бидат формирани четири групи со по четири репрезентации, а Ц-групата ќе се игра во Скопје.

Пред извлекувањето учесниците на ЕП 2022 чиј домаќини ќе бидат уште и словенечките градови Љубљана и Целје, како и црногорската престолнина Подгорица, се поделени во четири шешири:

Прв шешир: Норвешка, Франција, Данска и Полска
Втор шешир: Холандија, Црна Гора (Д-група), Унгарија (А-група) и Шведска
Трет шешир: Македонија (Ц-група), Словенија (- група), Хрватска и Германија
Четврти шешир: Шпанија, Романија, Србија и Швајцарија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*