Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, вчера во попладневните часови го лишиле од слобода триесет и петгодишниот охриѓанец Н.Т.

-На 27.04.2022 година  во 18:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Н.Т.(35) од Охрид. При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис, соопшти МВР.

Н.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*