Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*