Украинскиот град Херсон ќе ја користи рубљата од 1 мај, тврдат руски претставници

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, објавија руски државни медиуми.

Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува Би Би Си.

– По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута, додаде Стремусов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*