Џафери-Стефанчук: Ќе се приклучиме кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна

Република Северна Македонија безрезервно се приклучи кон сите рестриктивни мерки преземени од меѓународната заедница кон Руската федерација и тоа ќе продолжи и понатаму да го прави. Истовремено, Република Северна Македонија се приклучи кон иницијативата на НАТО членките и на Европската унија за финансиска и воена помош на Украина, изјавил претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со претседателот на Врховната рада на Украина Руслан Стефанчук.

Џафери, како што соопштија од неговиот Кабинет, се заблагодарил на поканата и нагласил дека е таму за да изрази лична и институционална поддршка на Врховната Рада и на пратениците на Врховната Рада, како и поддршка од граѓаните на Република Северна Македонија на Украина и на украинскиот народ.

– Секако, ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина, по завршувањето на оваа бесмислена војна. Денеска имавме прилика на лице место да ги гледаме и да ги видиме злоделата кои што ги учинила Руската федерација на тлото на Украина и кон украинските граѓани и затоа после оваа денешна посета и лично и институционално ќе бидеме ангажирани тие злодела да добијат соодветно име, а никакво друго име освен геноцидни дела. Секако, на крајот уште еднаш да се заблагодарам на поканата, да живее Украина, да живее украинскиот народ, истакнал претседателот на Собранието, Талат Џафери, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*