Борел: Мариупол е европскиот Алепо

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Жозеп Борел смета дека Мариупол е европскиот Алепо.

– Целосно уништен град. Со илјадници загинати цивили. Ќе дадеме сè од себе да се стави крај на оваа војна што поскоро. И затоа ќе продолжеме да ѝ помагаме на Украина, напиша Борел на Твитер.

Според него, војната во Украина ја трансформира глобалната геополитика.

Руските сили ја презедоа контролата врз украинскиот град Мариупол, но припадници на украинските сили останаа блокирани во фабриката за челик „Азовстал“.

Алепо е сириски град што претрпе големи разурнувања за време на војната. Инаку, градот се наоѓа на листата на Светско културно наследство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*