Во Битола 41 казнет возач на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Во спроведената зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола вчера од 13.00 до 19.00 часот, за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, казнети се 41 возач.

Од нив, соопштија од МВР, 21 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*