Грковска: Владата е особено посветена на транспарентност и отчетност на институциите како сервис на граѓаните

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на Форумот посветен на 100 дена Влада, истакна дека со самиот факт што во Владата има кабинет за креирање на добри политики, говори дека таа е особено посветена на транспарентноста, отчетноста и професионалноста во функционирањето на институциите, како сервис на граѓаните, како и на дигиталната трансформација на општеството.

– Она што е од особен интерес на јавноста е како се трошат буџетските средства. Ги задолживме сите институции на своите веб-страници да ги објавуваат јавните набавки, реализираните јавни набавки, склучените договори и реализираните договори. Со тоа на многу поедноставен начин, секој граѓани кој е заинтересиран, може на едно место многу брзо да ги дознае сите информации кои го интересираат, истакна Грковска.

Таа потенцира дека има уште многу работа за да се постигне целта и нагласи дека планот на Кабинетот за креирање на добро владеење е многу амбициозен.

За дигиталната трансформација на општеството, Грковска ја истакна соработка со Естонскиот центар, заедно со Амбасадата на САД, во насока на изнаоѓање на најдобри решенија за таа намена.

– Почнати се активности, во смисла на креирање на национален план за електронска лична карта и законски решенија кои се неопходни за да може тој процес да се интензивира, рече Грковска.

Таа потенцира дека сите процеси би биле невозможни без соработката со меѓународните партнери, како САД, ЕУ, УСАИД и други. За борбата против корупцијата, вицепремиерката рече дека оствариле партнерски однос со ДКСК, Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет, како и со граѓанските здруженија, кои имаат иста цел.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*