За брзо возење казнети 141 возач на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената се казнети 141 возач.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, информираа од МВР, 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*