Кривична пријава за измама на штета на средства на Европската заедница

Одделението за внатрешни работи – Кочани во координација со надлежно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против двајца осомничени и здружение на граѓани од Кочани кои со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522 700 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522 700 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при  Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Северна Македонија, стои во соопштението од МВР.

Дополнуваат дека осомничените се товарат за седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од Кривичниот законик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*