Лешченко: Путин ќе ги нападне и земјите од НАТО

Советникот на украинскиот претседател, Сергеј Лешченко е уверен дека Русија ќе ги нападне и земјите членки на НАТО.

– Путин ќе ги нападне земјите од НАТО за да покаже дека глобалните институции се слаби. Полска и другите соседи, би требало да бидат предупредени поради тоа што се случува во Украина, изјави Лешченко за виенскиот дневен весник „Пресе“.

Според него, целта на претседателот на Русија, Владимир Путин, не е само да ја избрише Украина од географската карта, туку и да го уништи глобалниот поредок.

Тој нагласи дека „доколку добие вистински гаранции, Украина би била подготвена да стане неутрална земја“.

– Подготвени сме да прогласиме неутралност, но, само со безбедносна гаранција, а не со ветувања како оние во Меморандумот од Будимпешта. Подготвени сме и да разговараме за специјалниот статус на Крим и за окупираните територии во текот на војната, појасни Лешченко.

Меѓутоа, Украина, како што истакна тој, не е подготвена да прифати окупација на територии што Русија ги освои за време на војната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*