Објавени конкурсите за наградите „22 Ноември“ и „11 Октомври“

Министерството за култура соопшти дека се објавени конкурсите за доделување на државните награди 22 Ноември“ и „11 Октомври за оваа година.

Со наградата „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.

Со наградата „22 Ноември“ се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во државата кои дале свој придонес во упаредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Северна Македонија.

Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.

Државната награда „22 Ноември“ се врачува во Собранието на 22  ноември – Ден на албанската азбука.

Конкурсот за овие награди трае од 1 до 31 мај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*