Построги казни и конфискација на возила за несовесните возачи во Австрија

Австрискиот Парламент усвои амандман на Законот за сообраќај со кој се зголемуваат казните за организаторите и учесниците на нелегални трки и „тјунинг“ возила, а истовремено покрај одземање на возачката дозвола се овозможува и привремено одземање на возилата.

Измената на законот првенствено се однесува на „тјунинг сцената“ односно лицата што вршат структурални измени на своите возилата без соодветна хомологација, како и против лица кои учествуваат во нелегални трки.

Полицијата на овој начин добива можност да постапува веднаш и да ги исклучи од сообраќај тјунираните возилa без соодветна дозвола, како и да изрече повисоки парични казни за таквите возачи.

Заострени мерки се предвидуваат и за пребрзо возење во населените места.

Полицијата сега ќе може да изрече забрана за управување моторно возило во времетраење до 72 часа, и притоа покрај одземање на возачката дозвола или регистарски таблички ќе може и привемено да конфискува возила.

Од владејачката коалиција во Австрија измените ги оправдуваат со зголемениот број сообраќајни несреќи предизвикувани од припадниците на „тјунинг сцената“ кои се познати по својот агресивен стил на возење.

Министерката за транспорт Леоноре Гевеслер изјави дека промената на законот е насочена против оние кои незаконски ги „менуваат“ автомобилите и кои опасно се однесуваат во сообраќајот.

Притоа е нагласено дека измените на легислативата на значат воведување дополнителни категории казни туку само допрецизирање на постоечките.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*