Премиера на „Трчај, жено, трчај“ на 4 мај во Кинотека по повод Денот на канадскиот филм

По повод Денот на канадскиот филм, Амбасадата на Канада и Кинотеката на Северна Македонија на 4 мај ќе организираат премиерна проекција на канадскиот филм „Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс, во кој играат Дакота Реј Хеберт, Асивак Костачин, Џејли Вулф, Лорне Кардинал, Бредон Кларк и Гери Фарм.

По две години онлајн презентации, 9-то издание на Денот на канадскиот филм организирано од REEL CANADA ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и нашата држава.

Почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм е генералниот гувернер на Канада, Мари Симон. Нејзиното официјално видео-обраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година.

Фокусот за оваа година е „Славење на домородните гласови“, презентиран во соработка со „имагинеНАТИВЕ Филм“ и „Медиа Артс Фестивал“, при што ќе се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада.

Проекција на филмот „Трчај, жено, трчај“ ќе се одржи во просториите на Кинотеката.

– Филмот е магичен „анти-ром ком“ за Бек (Хеберт), ожалостена самохрана мајка која ја изгубила страста за животот и нејзиниот Мохаве-јазик по смртта на нејзината мајка. Бек завршува во болница каде се буди од шеќерна кома и го сретнува духот на легендарниот „Маратонец на шест нации“. Наместо да смогне сили и да преземе контрола над сопствениот живот, Бек бега од проблемите и се отуѓува од семејството. Сама и напуштена Бек мора да ги придобие. Конечно го послушува нејзиниот духовен водач, кој ја поттикнува, исмева и на крајот ја инспирира да стане тркач. Бек учи да трча, но уште поважно учи да биде благодарна за животот. Со секоја трка ѝ оддава почит на земјата и нејзиното семејство, што повторно ѝ ја буди желбата да го научи нејзиниот јазик, соопшти Кинотеката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*