Ружиќ: Дојавите за бомби во сите 23 средни училишта во Белград се лажни

По дојавите за поставени бомби во 23 средни училишта и гимназии во Белград, припадниците на Министерството за внатрешни работи интервенирале, извршиле проверки и утврдиле дека сите пријави се лажни, изјави министерот за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ, истакнувајќи дека училиштата и полицијата реагирале соодветно и брзо и учениците биле безбедни, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Ружиќ додаде дека по увидотот на МВР, учениците сукцесивно се вратиле на настава, а во училиштата чии ученици поради ваквата состојба биле вратени дома, часовите ќе бидат надоместени во наредниот период.

– Припадниците на МВР ефикасно реагираа, а наставата во втора смена ќе се одвива редовно, изјави Ружиќ.

Во 23 средни училишта и гимназија во Белград утринава пристигнала циркуларна електронска пошта за поставена бомба, за што веднаш биле известени МВР и БИА.

Учениците и вработените беа евакуирани на безбедно, додека полицијата и нејзините стручни служби ги проверуваа наводите.

МВР и БИА истражуваат кој го испратил меилот за бомбите, кој бил од една иста електронска адреса.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*