Русија не покани странски лидери на прославата на Денот на победата

Русија не покани странски лидери на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај, бидејќи тој датум во 2022 година не е јубилеен, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Не поканивме ниту еден странски лидер на Денот на победата. Факт е дека ова не е јубилеен датум. Ова е наш празник, ова е свет празник за цела Русија, за сите Руси. Но, не поканивме странски лидери, истакна Песков.

Тој додаде дека посетата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко не се очекува на 9 мај.

– Колку што знам, тој не планира посета, нагласи Песков.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*