Свечена академија по повод 70 години Организација на резервни офицери

Во Домот на Армијата во Скопје денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе присуствува и ќе се обрати на свечената академија по повод јубилејот „70 години од основањето на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија“.

По повод свеченоста од страна на претседателот на Организацијата на резервни офицери, Гоце Георгиев ќе бидат доделени признанија и плакети на претставници од законодавната и извршната власт, на Армијата и на Меѓусојузничката конфедерација на резервни офицери за досегашната соработката, поддршката и функционирањето на Организацијата во остварување на активностите на домашен и меѓународен план.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*