„Снеп“ ја претстави својата „летачка камера“

Компанијата „Снеп“, можеби најпозната по апликацијата „Снепчет“, ја претстави својата прва џебна „летачка камера“.

Станува збор за „Пикси“, всушност, мал дрон со камера, голем скоро колку просечна дланка. За да го користите уредот, треба да се притисне копче и да се избере еден од седумте режими на летање, по што следи фотографирањето. Претпродажбите, односно нарачките почнуваат на крајот на мај во САД и во Франција, а цената е 230 до 250 долари.

Специфичност кај новиот уред е што фотографиите и видеата од дронот ќе бидат преземани во „Снепчет меморис“, каде што корисниците ќе можат да складираат и содржини за подоцнежна употреба.

„Снеп“ лани ги претстави и АР-очилата наречени „Спектаклс“, кои им овозможуваат на корисниците „да пренесуваат“ дигитални фотографии „пред себеси“.

На пазарот има и слични производи кои се и поевтини, на пример „Ер нео“ на Ер-селфи“ што чини 150 долари.

Новиот уред е водоотпорен, но може да има проблеми со посилни ветрови. Колку траат батериите засега не е точно познато, но според упатените, би требало да траат пет до осум летови. Дронот „Пикси“ нуди 16 гигабајти меморија и може да складира до 1.000 фотографии или 100 видеа најмногу. Тежи 101 грам и снима видео со резолуција од 12 мегапиксели.

Првичните снимки немаат звук, но тоа, како и други ефекти може да се уредат преку „Снепчет“ потоа.

„Снепчет“ месечно има повеќе од 600 милиони активни корисници и над 330 милиони активни корисници дневно ширум светот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*