Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата

Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе се одржи денеска во Националната опера и балет.

На форумот, како што е најавено, воведно обраќање ќе има премиерот Ковачевски, по што ќе следат панел сесија со премиерот, со вицепремиерите и со министрите. На сите три панели е предвиден и дел со прашања и одговори.

На настанот е најавено присуство на претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми…

По повод 100 дена Влада, во вторникот се одржа и тематска владина седница на која премиерот Ковачевски рече дека првите 100 дена биле денови исполнети со предизвици од здравствената, енергетската, економската и воената криза и дека клучна цел било да се задржи стандардот на граѓаните.

– Напорно ќе биде и понатаму бидејќи кризата е сеуште присутна, но со јасен план и со јасни мерки што ги спроведуваме и низ дијалог со сите чинители на општеството, сигурно дека Република Северна Македонија ќе излезе како победник од овие предизвици, рече Ковачевски, додавајќи дека негова цел како прв човек на Владата е да има конструктивна комуникација со сите чинители на општеството и повика сите да се издигнат над дневно-политичките случувања и да се обединат околу приоритетите во општеството.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*