„Астерфест“ ќе се одржи од 5 до 9 август

Седумнасеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ годинава ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани.

Како што соопштија од Фестивалот, во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции.

За отворањето е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол“ на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови. За затворањето, пак, на 9 август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Мотото на овогодишниот фестивал е „Светлините на астерот“, а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*