Бојченко се надева дека евакуираните од Азовстал денеска ќе стигнат до Запорожје

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изрази надеж дека првата колона евакуирани од урнатините на челичарницата Азовстал денеска ќе стигнат до градот Запорожје, контролиран од Украина.

– Колоната се движи кон Запорожје, евакуацијата продолжува, појасни градоначалникот.

Како што тој истакна, над 200 цивили останале во челичарницата Азовстал, каде се наоѓаат последните украински бранители на градот.

Вкупно околу 100.000 цивили сè уште се во пристанишниот град на Азовското Море, додаде Бојченко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*