Владата на седница ќе го разгледа Извештајот за степенот на реализација на својата Програма за работа

Владата, денеска, ќе ја одржи редовната 42-ра седница, на која според предложениот дневен ред ќе биде разгледан Извештај за степенот на реализација на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, како и Информација со Извештај за реализирани активности за 2021 година од Националната стратегија за развој на концептот „Eдно општество за сите и интеркултурализам”.

На денешната седница, членовите на Владата треба да го разгледаат и Предлог-законот за ратификација на измените и дополнувањата на Анекс 4 на Централно-европскиот Договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), со Протокол за дефинирање на концептот на производи со потекло и методите на административна соработка согласно Одлуката на Мешовитиот комитет на Централно европскиот договор за слободна трговија.

За заклучоците и одлуките по одделните точки од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, наведуваат од владината прес – служба. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*